Предизвик за деца и возрасни со илустрации за Корона вирусот
Букбокс предизвик, за деца и возрасни
Разгледајте ги првите две книги кои се нудат за бесплатно симнување. Исто како и нивните автори, нацртајте стрип врз основа на легенда, предание, народна приказна или песна. Или направете илустрација за некое митолошко суштество.
На пример, како би изгледал Коронавирусот во споредба со чумата? Како ламја со 19 глави? Како злобно лилјаче?
Сите испратени илустрации и стрипови ќе се кандидираат за објавување во следното издание од истата серија на овој издавач.
Цртежите можат да бидат и на хартија (скенирани) и дигитални. Испраќајте ги на ilinabookbox@gmail.com во текот на периодот на изолација #седидома

За да го олесни пристапот до своите изданија во кризниот период предизвикан од пандемијата, Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на својот сајт овозможува бесплатно симнување на дел од нив.
Во моментов се достапни следниве книги, во pdf формат (списокот ќе се проширува):
„Стрипоскоп: стрип приказни за градот Скопје“
(уредник Инес Црвенковска Ристеска, група автори)

„Двата света: збирка илустрации“
(уредник Инес Црвенковска Ристеска, група автори)
(уредник Инес Црвенковска Ристеска, група автори)
„Етнолошко и антрополошко проучување на дервишкиот ред Бекташи од село Канатларци, прилепско“ и „Дервишкиот ред Халвети-хајати во Охрид“ од Виктор Трајановски
Истовремено, на располагање се електронски верзии на сите броеви на меѓународното списание „ЕтноАнтропоЗум“, како и аудио фајлови на сите текстови (на македонски) од број 1-16.

Целиот каталог на изданија на ИЕА е достапен тука. Истите можат да се нарачат со достава и преку сајтот Купи книга.
Post a Comment