Промоција на книгата ПО ДОЖДОТ
Големиот боем е повторно кај нас на гости. Ја сака Македонија како свој дом, вели дека овде го чекаат негови драги луѓе. Препознатлив е по широката насмевка, харизмата и добро познатите шешири. Од Бриони и Лос Анџелес до Скопје во „Чамо“... Едниот и единствен – актерот и писател Раде Шербеџија!
Причината поради која ни доаѓа во Скопје е промоцијата на неговата
последна книга „По дождот“. Познавајќи ја неговата богата кариера и вредностите
што ги носи за балканската култура, очекуваме да ни ја пренесе својата жаркост
и искуствата што му се случувале токму откако стана мегапопуларен во улогата на
Александар во филмот „Пред дождот“ на нашиот режисер Милчо Манчевски.
Како култна икона на
југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја
пишува својата книга со леснотија, впуштајќи се во најтивката а најгласна борба
на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои
не постојат пасоши...
Промоцијата ќе се одржи во
Клуб-ресторан МКЦ, на 26 февруари, со почеток од 19 часот. Промотор ќе биде
истакнатиот македонски писател и колумнист Венко Андоновски.
Post a Comment