Recent Posts

За lustiniana Prima, која на латински значела Прва Јустинијана



Јустинијан I - Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus (в.527 – 565, од 518 совладар на својот вујко Јустин) е Ромејски цар кој бил етнички Македонец со име Вистинијан т.е. Управда.Роден е во селото Таор (Taurisium) ви близизна на Скопје.Најважните податоци за него ни ги дава историчарот од негово време Прокопиј кој вели дека „во областа на европските Дарданци кои живееле зад границите на Драчаните во непосредна близини на тврдината Бадериана (Bederianа) има село по име Taurisium.Тука бил роден царот Јустинијан основачот на светското царство.Тој своето родно место го заградил со ѕидови во облик на четвороаголник и на секој агол подигна по една кула и начинил тврдина со четири кули.Во близина на тоа место изградил прекрасна населба (варош) која ја нарекол lustiniana Prima, која на латински значела Прва Јустинијана.“ Но најзначаен е податокот дека во близина изградил град кој го нарекол град Прва Јустинијана а тоа е денешното Скопје.Во 518 г. Скопје (Скупи) кој се наоѓал кај селото Злокуќани - Бардовци бил разрушен од силен земјотрес,а Вистинијан целосно го обновил „на тој начин одолжувајќи се на својата родилка.“ „Таму изгради водовод со што успеа градот постојано да има питка вода.“ Вистинијан во обновениот град изградил мноштво градби како божји храмови,згради за управните служби со големи тремови, велелепни плоштади, чешми, улици, купатила, продавници. „Тоа напросто беше голем и многулуѓен град и во секој поглед напреден и достоен да биде метропола на целата област Илирик (зафајќала простор од Сирмиум (Срем) до Солун).Прва Јустинијана бил избран за архиеписко пско седиште на областа бидејќи другите градови по големина заостанувале зад него.На тој начин градот му ја вратил славата на царот бидејќи се гордеел што родил таков цар и обратно - царот се дичел што изградил таков град.Несомнено е дека Таор е родното место на Вистинијан,а Бадериана е денешното село Бадер кое било војно утврдување,а Скопје повторно било изградено на просторот на денешното Кале и околината.Во тоа време Скопје по големина, политички, војно и стопански врски бил втор град во царството после Цариград,а го фрлил во сенка дури и Солун.
Прв архиепископ на архиепископијата Прва Јустинијана бил Кателан кој најверојатно бил пријател или роднина на царот.Диецезата на архиепископијата Прва Јустинијана била колку и областа Илирик при што на архиепископот Кателан бил потчинет и Солунскиот епископат.Сигурно дека Прва Јустинијана ќе била издигната во ранг на патријаршија но познато е дека во една држава не може да има две цркви во ист ранг. Покасно Охридските архиепископи обавезно во своето име додавале и архиепископ на Прва Јустинијана,а врз основа на големината и нејзиното значење повикувајќи се на Прва Јустинијана,Самуил Охридската архиепископија ја воздигнал во ранг на Патријаршија.За Вистинијан можеме со сигурност да кажеме дека по род бил Македонец но и тоа дека не бил понесен од славата и не го заборавил своето потекло и родното место.Тој изградил велелепен град „на тој начин одолжувајќи се на својата родилка.“ Многи денешни историчари – домашни и странски – овој термин „родилка“ даден во второ лице еднина, толкуваат дека изградбата на градот била во чест на неговата мајка. Но ако било така Прокопиј како негов би рекле личен биограф ќе знаел на кого Вистинијан го посветил градот и ќе запишал множина на „родителите.“ Родилка може да се однесува само на земјата во која е роден, а тоа е Мајка Македонија што се потврдува со веста на Прокопиј дека „тој (градот) се дичи што родил таков цар.“ Значи за да некоја историска личност ја прифатиме за Македонец треба да видиме и утврдиме што таа личност сторила за Македонија во склоп на дадените околности бидејќи во тоа време верската определба била на прво место,а на етничката припадност не се обраќало никакво внимание како што денес ги препознаваме модерните етнички држави.И покрај се Вистинијан е единствен Ромејски цар кој дал огромен придонес за Македонската кауза.На сликата е остаток од разрушеното Скупи.

Фотографија на Ристо Бачев.


📷

No comments