„СПОРТСКИ ПОВРЕДИ“ Е ПРВАТА СТРУЧНА ЛИТЕРАТУРА ИЗДАДЕНА НА ОВАА ТЕМА ВО МАКЕДОНИЈА
![книга kniga](https://tvm.mk/images/stories/ohrid/2012/januari/kniga.jpg)
„ Да се пишува книга воопшто не е лесно, поготово тоа да е прва книга и да биде книга која ќе направи синтеза од интерес на спортската медицина и да се наслови како спортски повреди. Пет години, неможеше ништо да се направи побрзо, велам дека дури е неправено и прерано, но сепак недостаток на ваква литература, ако ги земиме и маните и недостатоците, сепак сметам дека е можеби е некое време доволно за да се напише ваква литература. Различните искустав кои ги имав овие четири години ми беа многу важни бидејќи сите забелешки ги зпишував ги надополнував, а исто многу ми помагаа и други специјализирани кадри од оваа проблематика пред се специјалистите од св Еразмо, неуролозите“автор на книгата „Спортски повреди“, д-р. Оливер Бојчески.
![промоција promocija](https://tvm.mk/images/stories/ohrid/2012/januari/kniga3.jpg)
„ Особено ќе биде интересен за медицискиот кадар поготово за превенцијата на спортските повреди кое претставува посебно стручно четиво, не само за медицинарите, туку и за тренерите и другите спортски работници, бидејќи се докажува дека во најголем број случаи сите спортски повреди пред да дојдат кај мене и другите специјалстички кадри, можат добро да бидат превенирани“, вели Бојчески.
Бојчески додава дека уморот спаѓа во важен ризик фактор за повреда на спортистите, бидејќи заморениот мускул или друга структура на телото, неможе да го понесе физичкиот стрес кој го задава самиот спорт.
![промоција promocija](https://tvm.mk/images/stories/ohrid/2012/januari/kniga2.jpg)
Според д-р. Бојчески најголемиот број на повреди се случуваат во оној момент кога неправилно се проценува кога и дали спортистот да се врати на терен. „Обично сите сме оптимисти дека може порано, а и самиот спортист тоа го бара, но тогаш ја правиме најголемата грешка, затоа што во тие услови повредите се повторуваат и за жал истите најчесто се многу опасни, а негогаш и фатални за спортската кариера на спортистот, вели Бојчески.
Промоцијата на книгата „Спортски повреди“, беше во Струга во центарот за култура Браќа Миладиновци. Промоцијата имаше и хуманитарен карактер, затоа што парите од продажбата на книгите беше наменета за лекување на тројцата Стружани Ивана Павлеска, Кемал Мехмедовски и Јован Колоски.
Татјана Маленкова
Post a Comment